Лев банер Десен банер

ЈП „Комунално“ Струга со акција за отстранување на напуштени објекти и возила од јавните површини

Јавното претпријатие „Комунално“ Струга, во целосна координација со Општинскиот инспекторат, продолжуваат со активностите за отстранување на напуштени објекти и хаварисани возила од јавните површини во градот, кои со години го нарушуваа урбаниот ред и визуелниот имиџ на урбаната средина.

Станува збор за активности што се спроведуваат согласно законските надлежности и важечките прописи, со цел ослободување на зафатените јавни простори и нивно враќање во функција на граѓаните. Од надлежните посочуваат дека ваквите појави не само што ја нарушуваат естетиката на градот, туку претставуваат и потенцијален безбедносен и еколошки ризик.

Акцијата е дел од континуираните заложби на општината за унапредување на урбаната естетика, подобрување на функционалноста на јавните површини и создавање поуредна, почиста и побезбедна средина за сите граѓани.

Надлежните најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел целосно расчистување на јавните простори и воспоставување повисоки стандарди во одржувањето на урбаниот ред.

StrugaOnline

error: