ЈП Комунално Струга врши генерално чистење на повеќе локации во Струга

- Локални
694
 Екипите на ЈП Комунално-Струга започнаа акција за генерално чистење на кејовите на реката Црни Дрим.
,,Во наредните неколку дена акцијата ќе се одвива на потегот од зградата „Фати Трејд“ до „Мостот на Поезијата“, а во текот на следната недела ќе продолжат засилени активности на двете страни на кејот.
Во моментов, во акцијата се ангажирани 20 работници а од механизација два трактори и две мали транспортни возила-пијаџа.“-информираат од ЈП Комунално Струга.
Тимот на претпријатието спроведе и акција за чистење на потегот од Црвен Крст до Камп ,,Ас“.
-Во рамките на акцијата се спроведе рачно метење, косење на зелените површини,чистење на ивични траки, како и подигање на непрописно одложениот отпад надвор од корпите за оптадоци.-информираат од ЈП Комунално-Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари