ЈП Комунално во вторник ќе спроведе миење и чистење на булеварот
ЈП Комунално информира дека по завршувањето на работите на водоводната мрежа, во вторник ќе се спроведе детално миење и чистење на булеварот.
Од претпријатието посочуваат дека активностите имаат за цел подобрување на хигиената и уредноста на јавниот простор, а за нивно поефикасно и професионално реализирање е потребна соработка од сите деловни субјекти кои работат долж булеварот.
Во таа насока, упатен е апел до угостителските и деловните објекти навремено да ги отстранат масите, столиците и другата урбана опрема поставена на јавните површини, со што ќе се овозможи непречено чистење на целата траса.
Од ЈП Комунално нагласуваат дека со заедничка соработка ќе се создадат подобри услови за граѓаните и ќе се обезбеди целосно одржување на јавниот простор.
„Ви благодариме однапред за разбирањето и соработката“, порачуваат од претпријатието.
StrugaOnline

