ЈП Водовод и канализација денеска започнува акција за контрола и откривање на злоупотреба на вода

- Локални
665
ЈП Водовод и канализација известува дека од денеска (08.06.2022) во соработка со МВР-Полициска станица-Струга и општинските надлежни инспектори ќе започне акцијата за контрола и откривање на случаи на злоупотреба на водата.
-Акцијата ќе се одвива во текот на 24 часа, а контролите ќе се вршат главно во паркови, каде што најчесто се среќаваат случаи на злоупотреба на водата. Оваа акција има за цел да обезбеди снабдување со вода за пиење во текот на летната сезона.-информираат од претпријатието.
Против корисниците за кои ќе се утврди дека го злоупотребиле водоснабдувањето ќе бидат преземени законски мерки согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на отпадни води и Кривичниот законик.
Strugaonline

Facebook Коментари