ЈП Водовод и канализација: Големо количество отпад прави проблеми во канализационата мрежа
Во текот на теренската активност, екипите на претпријатието наидоа на големо количество отпад (во случајов марамчиња) што претставуваше проблем во нормалниот развој на канализационата мрежа.-информираат од ЈП Водовод и канализација.

Од таму ги замолуваат граѓаните да внимаваат со фрлањето на разни материјали и заедно да придонесаме за одржување на водоводната и канализациската мрежа.
