ЈП Водовод и канализација: Ќе се покрене постапка за присилна наплата за сите кои не плаќаат вода навремено

- Локални
791
ЈП ,,Водовод и Канализација”-Струга ги известува сите правни и физички лица, корисници на водоснабдителниот систем, кои ненавремено ги плаќаат сметките за потрошена вода, дека согласно законските одредби ќе се покрене постапка за присилна наплата преку нотар или извршител.
Исто така, ќе се врши исклучивање на сите корисници кои не го почитуваат склучениот Договор за исплата на долгот на рати.
Од претпријатието додаваат дека трошоците за исклучување и повторно приклучување ќе бидат на товар на потрошувачите.
Плаќањето на сметките може да се изврши преку наплатниот пункт, веб страницата www. uks. com.mk, банка и пошта, секој работен ден од 07:30-17:00 часот, и сабота од 07:30-13:00 часот.

Facebook Коментари