ЈП Водовод и канализација: Работиме на откривање на злоупотреба на вода и диви приклучоци, ќе има санкции и јавно објавување на вакви случаи

- Локални
475
ЈП Водовод и канализација-Струга известува дека екипи на претпријатието во соработка со МВР полициска станица Струга и надлежните општински инспектори 24 часа се на терен за откривање случаи на злоупотреба на вода и диви приклучоци.
-Ваквите случаи ќе бидат јавно објавени, а против корисниците на кои ќе им биде потврдена злоупотреба на вода или диво приклучување ќе бидат преземени законски мерки, согласно Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, како и Кривичниот законик.-стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација-Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари