Oткако вчера дел од домаќинствата во Струга немаа вода, ЈП Водовод и канализација Струга, излезе со рекација во која укажува дека има сомневања за саботажа. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
-Техничките лица на претпријатието после направените тестирања констатираа дека водата која доаѓа во градот е со притисок 7.5 Bar, додека недостатокот на вода во овој дел од градот може да биде како причина од факторот човек.
-Овој сомнеж се пријави во надлежните органите затоа што оштетување на водоводната мрежа претставува кривично дело
-Ќе има соработка со органите на МВР.
-Само што ги примивме жалбите на граѓаните, одма презедовме мерки (прва пријава во 20:36, проблемот решен во 21:20)
-Ве молиме да не правите вакви активности во водоводната мрежа, затоа што не го оштетувате ЈП Водовод и Канализација ниту Општина Струга но се оштетувате дирекно самите себеси и сите ваши сограѓани.
-Ги молиме сите граѓани секој сомнеж за саботажа да го пријавите на бр. 078 500 151.
Од ЈП Водовод и канализација Струга исто така информираат дека утрово се појавил нов дефект, нивните екипи околу 8 и 30 часот започнале со санација на дефектот и како последица на ова до санацијата дел од градот нема да има вода.
Strugaonline
Facebook Коментари