ЈП Водовод – Охрид доби нова опрема за побрзи и поефикасни интервенции
Јавното претпријатие Водовод – Охрид доби нова опрема која ќе придонесе за унапредување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето во општината. Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, Центарот за развој на Југозападен плански регион му додели на претпријатието два режачи за пилинг и еден електричен ударен чекан.
Со оваа набавка се овозможува побрзо и поефикасно отстранување на дефектите во водоводната мрежа, со што директно се подобрува континуитетот и квалитетот на водоснабдувањето за граѓаните на Општина Охрид.
Надлежните информираат дека новата опрема значително ќе ја зголеми ефикасноста во управувањето со водоводниот систем, ќе го скрати времето потребно за интервенции на терен и ќе овозможи навремени и поквалитетни услуги за корисниците.
Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година, а неговата реализација ја спроведе Центарот за развој на Југозападен плански регион.
StrugaOnline

