Десеттиот по ред јубилеен годишен концерт на учениците од СМУ „ Тодор Скалоски – Тетоец“ од Струга ќе се одржи на 25.05.2017 година, со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.
На концертот ќе настапат најдобрите ученици од инструменталниот оддел и на тој начин се одбележуваат 10 години од формирањето на музичкото училиште во Струга.
Публиката во салата ќе има можност да ужива во музичката уметност во нејзината најсофистицирана смисла на зборот, но и да го проследи напредокот на младите ученици кои допрва ќе редат успеси во областа на музиката.
Влезот за концертот е слободен.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари