ЈЗУ Св. Еразмо започна со користење на видео сетот за интубација

- Локални
353

Од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид информираат дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата опрема на нашата болница, во рамките на проектот “Опремување на современ центар за физикална терапија”. Станува збор за видео сет за интубација, кој од вчера активно започна се користи во секојдневната работа на болницата и значително ги подобрува процедурите и безбедноста на пациентите.

Видео сетот за интубација овозможува подобра визуелизација и поголема прецизност, зголемен и јасен приказ на дишните патишта, што го подобрува поставувањето на ендотрахеалниот тубус, безбедност на пациентите и минимизира ризик од повреди и компликации, особено кај пациенти со анатомски предизвици.

Нашата болница секогаш работи на подобрување на здравјето и условите на пациентите преку обезбедување висококвалитетна медицинска грижа, современа опрема и стручен кадар. Ние се стремиме да понудиме поддршка и грижа на секој пациент, создавајќи сигурна и пријатна средина за брзо оздравување. Нашиот тим постојано се обидува да ја подобри здравствената услуга и да осигура дека секој пациент добива најдобра можна грижа, велат во соопштението од ЈЗУ Св. Еразмо, заблагодарувајќи се на Министерството за локална самоуправа и министерот Златко Перински, Владата на Швајцарската Конфедерација и амбасадорката на Швајцарија во РСМ – Véronique Hulmann за нивната поддршка и финансии, што овозможи набавување и имплементација на оваа современа опрема.

StrugaOnline

Facebook Коментари