Лев банер Десен банер

Кадетките и помладите пионерки на ЖКК Струга 2009 со победи против Пелистер и Охрид

Кадетките на ЖКК Струга 2009 се вратија со убедлива победа од Битола, откако славеа на гостувањето кај Пелистер со високи 67:29.

Најефикасни во редовите на ЖКК Струга 2009 беа Коруноска и Таранеши со по 12 поени, Зиба и Даути 9, Милеска и Миладиноска 6, Мијевска и Дукоска 4, Мојсоска и Танаскоска М. 2 поени и Танаскоска Е. 1 поен. 

Кај домашниот состав на Пелистер, најрасположена беше Милошевска со 16 поени.

Помладите пионерки пак беа убедливо подобри од Охрид.

ЖКК Струга 2009 – ЖКК Охрид 34:13 (12:02; 12:03; 08:00; 02:08).

Најдобри стрелци кај стружанките беа Ајдиноска со 12 поени, Дукоска 10, Кајмакоска 8 и Кукунешоска Б. со 2 поени.

StrugaOnline

error: