“Кафеавата мечка и нејзиниот свет” истражување и учење со учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца
Преку квизови, дискусии, креативни активности и посета на Трајната поставка за природа “Патување низ природните богатства на Вевчански Извори” учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца откриваа што јаде кафеавата мечка, зошто е важна за екосистемот,
и како можеме сите заедно да ја заштитиме.
-Голема благодарност до наставниците и учениците за интересот и ентузијазмот, продолжуваме да градиме љубов и грижа за природата – чекор по чекор, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајцa.
Активностите се дел од проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори” финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.
StrugaOnline
Facebook Коментари