Во четврток (16.11.2017) на репертоарoт на Народниот театар од Охрид, со почеток во 20.00 часот, љубителите на театарската уметност ќе може да ја гледаат повторно претставата “Писма од Земјата”, работена според раскази на Марк Твен, со Никола Тодороски.
Адаптацијата и режијата е на Никола Тодороски, костимот на Ромина Стефанова Рашиди, а музиката на Аманда Џејн.
Претставата е камерна и поради малиот број на публика (35 места) билетите можат да се добијат само со резервација на телефонскиот број 075 283 066 (11.00 – 15.00 часот). Цената на билетот изнесува 200 ден.
Strugaonline
Facebook Коментари