Кампањата,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач”, која е наменета за промоција на згрижување, а има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата, денеска се спроведува во Струга.

Пред заинтересираните граѓани, ќе бидат презентирани придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станетез грижувач.
Денеска на градскиот плоштад во Струга, од 11:00 до 15:00 часот информирајте се како може да станете згрижувач.
Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства “11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.
Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и финансиска поддршка на месечно ниво (16.500мкд) преку центри за поддршка за згрижувачки семејства, како и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат.
За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информаци и како да станат згрижувач, можат да добијат на 075/277-477 и http://www.zgrizuvanje.mk.
Facebook Коментари