Kaрдиолошкиот завод во Охрид со апел за почитување на препораките за заштита од корона вирусот

- Локални
691

ЈЗУ „Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања“ -Охрид испрати апел до пациентите да ги почитуваат препораките за заштита од Корона вирусот.

– Ги замолуваме нашите редовни пациенти на кои им е ординирана хронична терапија и кои немаат новонастанати тегоби да ги одложат своите рутински контроли за извесен период. Препораката е во насока на нивна лична заштита и заштитата на сите останати пациенти. Строго се забранува присуство на придружници, во чекалните, пред амбулантите и останатите заеднички простории во болницата. Пред секоја амбуланта на располагање имате алкохол за дезинфекција на рацете. Истата задолжително да ја направите пред да влезете во амбуланта. – велат од болницата.

Strugaonline

Facebook Коментари