Карванот на ДИК денеска во Струга и Охрид ќе ги запознае гласачите со избирачките права

- Локални
738

Државната Изборна Комисија од 08-ми aприл 2019, започнува со караван низ државата со цел да ги информира граѓаните за нивните гласачки права на престојните Претседателски Избори 2019.

Караванот на Државната изборна комисија денеска ќе биде во Охрид и Струга.

Од ДИК информираат дека под мотото „Гласај за да бидеш слушнат.Глас по глас, иднина“, преку непосредни средби со граѓаните тимови на ДИК ќе им поделат флаери на граѓаните и ќе ги запознаат со нивните гласачки права, во пресрет на шестите претседателски избори, како и вонредните локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село.

Strugaonline

 

Facebook Коментари