Ќе се избира претседател и членови на Советот на „Урбаната заедница Реон II“ – Струга

- Локални
992

Општина Струга ги известува сите граѓани на Урбаната заедница Реон II во Струга, дека градоначалникот на Општина Струга донесе одлука за свикување собир на граѓаните, за избор на членови на Советот и претседател на „Урбаната заедница Реон II“ со бр. 03-3325/3 од 24.07.2018 година.

„Се повикуваат граѓаните од „Реон II“ – Струга да учествуваат на 08.09.2018 година (сабота) со почеток во 19:30 часот , во просториите на Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга за избор на претседателство на „Реон II“ во Струга“,- се вели во соопштението од Општина Струга.

За седницата е предложен следниов дневен ред:

  1. Избор на работно претседателство и записничар.
  2. Одлука за бројот на членови на Советот на Урбаната заедница (5-9)
  3. Предлагање и утврдување на кандидати за членови на Советот на Урбаната заедница.
  4. Избор на членови на Советот на Урбаната Заедница, (5-9)
  5. Избор на претседател, секретар и благајник на „Урбаната заедница“

Strugaonline

Facebook Коментари