Ќе се реконструира патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан

- Локални
1305

Ќе се реконструира патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.

Според најавите од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во наредните две години ќе се реконструираат 26 патни правци на територијата на Република Македонија, а меѓу нив се најде и патниот правец Подмоље-Струга-Ќафасан.

За реконструкција на оваа делница во должина од 19 километри проценетата вредност е 3 милиони евра.

Инаку, за реконструкција на патната мрежа во вкупна должина од над 420 километри, ќе се вложат 86 милиони евра.

Извор: ОхридПрес

Strugaonline

Facebook Коментари