Ќе се воспостави Графички регистар на улици и куќни броеви во 11 општини, меѓу нив е и Струга

- Локални
534
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија во рамките на програмата IPA / 2019/ PG / 01 68-6574 доби финансиска подршка од страна на Европската Унија за проектот воспоставување на Графички регистар на улици и куќни броеви за теренско прибирање на графичките и атрубните податоци за улиците и куќните броеви за 11 општини.-информираат од Општина Струга.
„Агенцијата за катастар и недвижности ќе започне со активностите за теренско прибирање на податоци за улиците и куќните броеви од 21.09.2020 до 09.10.2020 прв дел, и втор дел од 02.11.2020 до 19.02.2021 и тоа ве населените места : Безово, Биџево, Богојци, Бороец, Брчево, Буринец, Велешта, Вишни, Враништа, Глобочица, Горна Белица, Горно Татеши, Делогожди, Добовјани, Долна Белица, Долно Татеши, Драслјаца, Дренок, Заграчани, Збажди, Јабланица, Калишта, Корошишта, Лабуништа, Лакаица, Ливада, Ложани, Локов, Луково, Мали Влај, Мислешево, Мислодежда, Модрич, Мороишта, Нерези, Ново Село, Октиси, Пискупштина, Подгорци, Поум, Присвојани, Р’жаново, Радожда, Радолишта, Селци, Струга, Ташмануришта, Тоска, Франгово, Џепин и Шум.“ – стои во соопштението од општината.
Strugaonline

Facebook Коментари