Лев банер Десен банер

Ќира: не дозволувајте никој да се потсмева со вашиот интелект

Изборната кампања за првиот круг од Локалните избори завршува вечерва на полноќ и трае до 19:00 часот на 19 октомври (недела).

Независниот кандидат Менди Ќира го имаше своето последно обраќање кое ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани сограѓани ова е моето последно обраќање во оваа кампања, една поинаква кампања, која донесе позитивна енергија, висока политичка култура и стана пример во целата држава и пошироко. Денес уште еднаш ве повикувам, бидете внимателни, држете ги очите отворени, не потклекнувајте на провокации и манипулации и не дозволувајте никој да се потсмева со вашиот интелект, вие добро знаете која е платформата која што ќе и го даде на Струга и регионот вистинскиот правец. Моите противници одамна сфатија дека овие избори ги имаат изгубено, сепак оние што по секоја цена сакаат да ја спасат својата распадната политичка кариера, ги активираат моторите на пропагандата нивна, банални клевети, јавни манипулации и лични напади, без визија, идеи и воља за работа, од една страна бараат референдум со албански гласови, зборуваат за патриотизам а од друга страна ги навредуваат сограѓаните кои не зборуваат на ист јазик и истовремено излегуваат да ја бараат нивната поддршка.

Јас ја презедов оваа обврска, оваа мисија да ја вратиме Струга на вистинскиот пат, и тоа ќе го направиме заедно со Вас кој ми давате сила и енергија, Вие сте тие што ќе ја донесете промената и ќе ја одредите иднината на вашите деца со тоа што ќе гласате за Менди Ќира со број 133, нека ни е со среќа.

error: