Лев банер Десен банер

Ќура и Хоџа заеднички за нови инфраструктурни проекти во Струга

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамет Хоџа, на која се разговараше за тековните и планираните инфраструктурни проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Министерството.

Во фокусот на средбата беше изработката на техничка документација за изградба на прочистителна станица во село Лабуништа. За оваа намена, Министерството обезбеди 1.000.000 денари, додека Општина Струга учествува со 200.000 денари. Овој проект претставува значаен чекор кон изградба на современа станица за третман на отпадни води и заштита на животната средина.

На средбата беше разгледан и проектот за реконструкција и замена на азбест-цементната водоводна мрежа во град Струга – прва фаза. Проектот се реализира во рамки на „Проектот за подобрување на квалитетот на водата“, со вкупна вредност од 90 милиони денари, од кои 72 милиони се обезбедени од Министерството, а 18 милиони од Општина Струга. Со оваа инвестиција ќе се подобри квалитетот и безбедноста на водоснабдувањето за граѓаните.

Дополнително, се работи и на изградба на примарен колектор за фекални води на релација од автокампот „Треска“ до туристичката населба „Елен Камен“, во должина од 5.180 метри. Проектот се реализира со финансиска поддршка од 27.400.000 денари од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од Општина Струга истакнуваат дека остануваат цврсто посветени на унапредување на инфраструктурата и континуирано работат на проекти кои придонесуваат за подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на граѓаните.

error: