Кларинетистите Горјан Лошкоски и Урим Камбероски од Струга, освоија втора награда на Интернационалниот натпревар ,,ПијаноФест”

- Локални
771

Горјан Лошкоски и Урим Камбероски од ООМУ-Струга, кои изучуваат кларинет во класата на професор Мухамет Реџепоски  освоија втора награда на шестото издание на Интернационалниот натпревар ,,ПијаноФест” што од 7-ми до 9-ти јуни се одржа во Битола.

,,Лошкоски и Камбероски изведоа три композиции oд Еберст и Моцарт. Освен наградите кои ги добиваат, исто важно за децата е да се навикнат на натпреварувања и настапи на сцена.“-изјави професорот Реџепоски.

На интернационалниот натпревар ,,ПијаноФест” што се одржа во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ,,Пијано”,  учествуваа 150 млади музичари од Македонија, Албанија,Србија, Хрватска, Косово, Грција,Малта и Италија. Меѓународно жири ги оценуваше учесниците во дисциплините : пијано,соло- пеење и камерна музика.

Strugaonline

Facebook Коментари