Клубот „Учиме право“-Струга со симулација на судскиот случај „Заборави ако можеш“

- Локални
1183

Kлубот „Учиме Право“  одржа симулација на главна расправа од кривична постапка за случајот „Заборави ако можеш” кој е инспириран од случај од македонската судска пракса за кој е водена кривична постапка. Во случајот се работи за за лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривични дела од областа на делата против Меѓународното право и тоа: засновање ропски однос, трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и лица кои се јавуваат како потенцијални жртви на овие кривични дела.

“Симулацијата е една од редовните активности во Учиме Право клубовите. Преку неа, учесниците и публиката имаа можност да се запознат со трговијата со луѓе и штетата која таа ја предизвикува, но истовремено да го научат и текот на една кривична постапка.” – истакна Ана Наумоска, предавач во „Учиме Право клубот“ во Струга

„Учиме право“ е програма во рамките на МОФ (Младински Образовен Форум) и има за цел, средношколците да ги запознае со своите права и основите на правото и правниот поредок во нашата земја. Симулација се одржа во Ценатрот на заедницата на општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари