По трет пат дел од колекцијата народни носии од Љупчо Милошески заедно со членовите од КУД Илинден од Струга ќе биде презентирана на фестивал во Нови Сад – Р. Србија.
Се работи за фестивал на народна носија и накит, фестивал „Бисерна Грана“ и се одржува во Нови Сад – Р. Србија.
„Ова ми е трета година каде што учествувам, првата година бев покрај носиите и со мојата изложба „Од Љубаништа до Дебор“, втората година освоив прва награда за најдобра машка народна носија“ – изјави за StrugaOnline Љупчо Милошески.
Фестивалот „Бисерна грана“ ќе се одржи од 01 до 06 октомври 2024 година во Нови Сад – Р. Србија.
StrugaOnline
Facebook Коментари