Колекцијата на народни носии oд Љупчо Милошески освои трето место на фестивал во Србија
Изминатиов викенд членовите од КУД Илинден од Струга зедоа учество на фестивалот на народната носија ,,Бисерна Грана” во Нови Сад – Србија. Тие претставуваа народни носии од колекцијата на Љупчо Милошески, а оваа година неговиот избор беше етничкиот предел Струшко Поле, пределот што лично најмногу го опишува Милошески, затоа што како што вели, таму припаѓа и таму се наоѓа неговото родно Драслајца.

-Во силна конкуренција на автентични народни носии, нашата, машката носија за,,зет” го освои високото трето место на фестивалот во категоријата – машки носии. Убаво е да напоменам дека минатата година, на истиот фестивал беше првото Меѓународно презентирање и промоција на мојата монографија и изложба “Од Љубанишча до Дебор”.-изјави Милошески за Strugaonline.


