Во петок, на 2-ри февруари 2024 година, во Охридскиот Народен театар ќе се игра комедијата „Несфатената цивилизација“, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
– Станува збор за претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во гротеска и иронија, која прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, информираат од Народен театар -Охрид.
Играат актерите: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Павел Маслов, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Претставата ќе се игра во НУЦК „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20:00 часот. Билетите се продаваат по цена од 200 денари.
Facebook Коментари