Градскиот театар „Јоза Ивакиќ“ од збратимениот град Винковци од Република Хрватска, вечерва на малата сцена на НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид со почеток во 19.30 часот ќе ја одигра комедијата „Во бабиното гнездо“. Влезот за претставата е слободен!
„Комедијата „ Во бабиното гнездо“ е работена по мотивите на филмот „ Дуплекс“ на Дени Де Вито, ја режира Цветин Анчиќ, а играат Петра Кралјев, Владимир Андриќ и Бланка Барт. Претставата е проткаена со духовити ситуации, поврзани со млада брачна двојка, која веднаш по венчавањето, мора да обезбеди кров над глава. Тие се определуваат преку оглас да најдат постара жена со стан за да ја чуваат.Младата брачна двојка очекува брза смрт на старицата, а таа пак во низа комични ситуации се однесува лагодно и е полна со живот.“ -информираат од Центарот за култура во Охрид.
Извор:НУ Центар за култура “Григор Прличев”
Strugaonline
Facebook Коментари