Концерт на ансамблот „Танец“ на 3 Јули во Струга

- Локални
233

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга на 03.07.2025г. (четврток), со почеток во 20:00 часот, во големата сала при центарот ансамблот „Танец“ ќе одржи концерт под наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“ и ќе ве поведе низ богатото културно наследство на нашата земја.

Ансамблот „Танец“ ќе го донесе духот на традицијата преку маестрални кореографии, живописни костими и звучни народни мотиви што ќе ги разиграат нашите срца.
-Драги стружани, да ги пречекаме со отворено срце и големо гостопримство – онака како што само ние знаеме, ве покануваат од Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

Билетите се по цена од 250 денари.

StrugaOnline

Facebook Коментари