Вечерва на фестивалот Охридско лето ќе се одржи традиционалниот концерт „Вечер на ЕУ“ на кој ќе настапи пијанистот Роберт Лербаумер од Австрија.
Роберт Лербаумер својата кариера ја започнал на неверојатни девет години кога настапува во Австрија, Германија и Швајцарија. Освен како пијанист, се појавува и како диригент и оргулист.
Паралелно со пијанистичката дејност тој успева да се прослави и како одличен диригент и оргулист. Солистички има настапувано со диригенти од светски ранг како Клаудио Абадо, Јехуди Менухин, Андре Превин и други, а соработувал и со истакнати изведувачи меѓу кои со Волфганг Шнајдерхан, Фридрих Гулда, Волтер Бери, Антон Дермота.
Концертот ќе се одржи во стандардниот термин од 21:00 часот во катедралната црква “Света Софија“, а на програмата се дела од: Лист, Шуман, Брамс, Шуберт, Фон Ајнхем.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари