Вечерва со почеток од 20 часот и 30 минути во катедралната Црква Света Софија, во рамките на фестивалот Охридско лето, концерт ќе одржи Камерениот оркестар на Музичката Младина на Македонија под диригентската палка на Џанлука Мартиненги.
Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија постои повеќе од 30 години основан како прв сегмент од Летниот музички камп на МММ , во Охрид 1986 година.Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Во досегашното егзистирање во негови рамки учествувале повеќе од 300 млади музичари- претежно студенти од ФМУ-Скопје, но и гости млади музичари од други земји.Со своето музицирање во сиот овој период се наметна на музичката јавност не само како неопходност туку и како изведувачки состав со високо професиоални квалитети.Оркестарот има реализирано преку 90 концерти, добивајќи позитивни критики, но и национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар оркестарот изведува дела од современи, како и од македонски автори.Има остварено повеќе телевизиски и радио снимки, како и сопствена ЦД продукција.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари