Во рамките на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 21:00 часот концерт ќе одржи камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“.
Под уметничко раководство на Олег Кондратенко ќе бидат изведени делата на Вивалди, Аренски, Барток, Пјацола Блази и Григ.
Како солисти, ќе настапат Ева Богоевска и Бојан Илкоски.
извор: Охридско лето
фото: архива
Strugaonline
Facebook Коментари