Конкретни чекори за решавање на проблемот со депонијата – протестите вродија со плод

- Локални
1557

После вчерашниот, досега најмасовен протест на стружани поради горењето на струшката дива депонија,  со камиони булдожери,  и друга механизација  започна санацијата на дивата депонија која непрестано гореше уште од  Велигденските празници.  Граѓанската иницијатива „Доста“ синоќа  излезе со соопштение преку кое може да се заклучи дека протестите вродуваат со плод

„Моментално на запалената депонија пристигна булдожер и камиони со тампон. Тие вечерва ќе работат на овозможување пристап на противпожарните возила и камиони со земја до запалените делови на депонијата.“ – соопштија од граѓанската иницијатива „Доста“ синоќа

Тие додаваат дека после протестот Министерството за Внатрешни Работи донело одлука за 24 часовен надзор и патроли од страна на припадниците на МВР, со што ќе се превенира и санкционира секое следно спалување.

„Нашите заложби како граѓани на Струга за решавање на еколошката катастрофа продолжуваат со јасно зацртани приоритети и мерки. Протестите и притисокот продолжуваат сѐ додека стружани не почнат да дишат чист воздух.“ – велат од „Доста“

Извор: Граѓанска иницијатива „Доста“ \ Strugaonline

Facebook Коментари