Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2025 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП
Управниот одбор и Дирекцијата на Националната установа – Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Струга објавија дека распишуваат конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2024 година до 31 Мај 2025 година.
Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.
Конкурсот ќе трае од денот на објавувањето до 25 Јуни 2025 година, авторите или издавачите за учеството повеќе детали може да најдат на овој ЛИНК.
StrugaOnline

