Kонкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

- Локални
929

pisenje

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга по седми пат распишуваат конкурс за наградите „Крсте Чачански“ за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.

Расказите односно песните не треба да се претходно објавувани, секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови

Ракописите во четири примероци отчукани на Tiimes New Roman или Ariel со македонска поддршка треба да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 6330 Струга, со назнака Конкурс за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2017 година, или по електронски пат на: [email protected]  [email protected]

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Васил Тоциновски.

Конкурсот е отворен до 20 април 2017 г.

Facebook Коментари