Конкурс за запишување ученици во струшките средни училишта за учебната 2025/2026 година

- Локални
750

Во средното општинско училиште гимназија „Д-Р Ибрахим Темо“ Струга, во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки, од нив 68 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик, 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка на турски јазик, според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование – 238 ученици, 7 паралелки, (60 поени минимум)
македонски 68 ученици – 2 паралелки
албански 136 ученици – 4 паралелки
турски 34 ученици – 1 паралелка.

Во средното општинско училиште „Нико Нестор“ во прва година ќе се запишат 533 ученици во 17 паралелки, од нив 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик и 288 ученици во 9 паралелки со настава на албански јазик, според наставни планови и
програми за:

Сектор Градежништво и геодезија -136 ученици, 4 паралелки
– архитектонски техничар македонски 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– архитектонски техничар албански 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– геодетски техничар македонски 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– геодетски техничар албански 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)

Сектор Електротехника и информатички технологии – 68 ученици, 2 паралелки
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика
македонски 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (55 поени минимум)
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика
албански 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. 55 (поени минимум)

Сектор Текстил, кожа и слични производи – 50 ученици, 2 паралелки
– техничар за изработка на облека *во соработка со компании
македонски 25 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– техничар за изработка на облека *во соработка со компании
албански 25 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)

Сектор Хемија и технологија – 118 ученици, 4 паралелки
– хемиски лабораториски техничар македонски 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– хемиски лабораториски техничар албански 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– прехранбен техничар *во соработка со компании
македонски 25 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)
– прехранбен техничар *во соработка со компании
албански 25 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (45 поени минимум)

Сектор Економија, право и трговија – 59 ученици, 2 паралелки
– економски техничар *во соработка со компании
македонски 25 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (60 поени минимум)
– економски техничар албански 34 ученици – 1 паралелка  4 г.тр. (60 поени минимум)

Сектор Здравство и здравствена заштита – 68 ученици, 2 паралелки
– медицинска сестра македонски 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (70 поени минимум)
– медицинска сестра албански 34 ученици – 1 паралелка 4 г.тр. (70 поени минимум)

Сектор Угостителство и туризам- 34 ученици, 1 паралелка
-готвач албански 34 ученици – 1 паралелка 3 г.тр. (30 поени минимум)

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до
системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-
uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59
часот на 17 јуни 2025 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни 2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 19 јуни 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00
часот до 23:59 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно место воучилиштето.

АВГУСТОВСКИ УПИСЕН РОК:
-Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок со две пријавувања.
– Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот
електронски.
– Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2025 година од
08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2025 година, најдоцна до 10.00 часот.

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не
се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

StrugaOnline

Facebook Коментари