Конституиран Советот на Општина Струга, Ресул Каба од ДУИ е избран за претседател

- Локални
1328

Вчера со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на општина Струга  се одржи конститутивна седница на која беше конституиран Советот на општина Струга, а за негов претседавач беше избран Г-дин Ресул Каба, советник од Демократската унија за интеграција.

Новиот претседател Каба пред присутните истакна  дека во следните четири години ќе работи во согласност со правилата и деловникот и ќе придонесува за развој, посветла иднина и просперитет на општина Струга како и за граѓаните без разлика на политичката, верска, национална и каква било друга определба

На конститутивната седница, врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија беа потврдени мандатите на 27 -те советници.

Strugaonline

Фото: Архива

Facebook Коментари