Контроли на пловни објекти во Охридското езеро, не се констатирани прекршоци

- Локални
183

На 10.08.2024 година, тим од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” и инспектори од Капетанија на пристаништата од Охрид, извршија контрола на пловни објекти кои пловат по Охридското езеро.

Притоа, во езерските води, на потегот  Охрид-Пештани-Радожда-Калишта-Струга-Охрид, во согласност со Законот за внатрешна пловидба, беа контролирани повеќе пловни објекти, беше извршено и легитимирање на повеќе лица при што не се констатирани прекршоци по ниеден основ.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари