Во петок, 25-ти мај премиерно во Охрид ќе биде прикажан краткометражниот игран филм И(с)ЗГУБЕНИ во режија на Антонио Вељаноски.
Премиерата е од 18:30 часот во амфитеатарот на ФИОФА (Филмска Академија – Охрид), а во продукција на Стори скоп од Охрид.
И(с)ЗГУБЕНИ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот …
Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.
Авторската екипа на филмот ја сочинуваа: Сценарио и Режија: Антонио Вељаноски; Директор на фотографија: Владимир Димоски; Сценограф и костимограф: Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Вељаноски; Композитор: Игор Василев Новоградска; Продуцент на сет: Зоран Вељаноски Летра. Продуцент на филмот: Елена Станишева.
Филмот е во ко-продукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка и истиот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.
извор: ОхридПрес
фото: архива
Facebook Коментари