Лев банер Десен банер

Краткометражниот игран филм за деца „Сказна за Вилен“ денеска ќе биде прикажан во Охрид

Денеска во Охрид ќе биде прикажана првата проекција на краткометражниот игран филм за деца „Сказна за Вилен“, во режија на Никица Мишева.

Ова е прв македонски филм чие сценарио е работено според истоименото дело на познатиот македонски писател Глигор Поповски.

Главната улога ја толкува Ѓорѓи Чинго, а останатата актерска екипа ја сочинуваат: Марко Дуданов, Виктор Момировски, Смиле Наумоски и Мирко Томовски. Во реализацијата на филмот учествуваа Димитрие Ристески, камерман и Тони Нически, монтажер.

Филмот премиерно ќе биде прикажан денеска во салата при ОУ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 10:00 часот.

Извор: ОхридПреc

error: