Кривична пријава за лице од Делогожда, имал 1,4 кубни метри буково дрво без документација

- Локални
1013

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.Ш. од струшкото село Делогожда.

– На 20-ти октомври, во атарот на село Делогожда, полициски службеници, при контрола и преглед на патничко возило управувано од пријавениот, пронашле и одзеле 1,4 кубни метри буково дрво без соодветна документација за нивна набавка, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари