Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.Х. (24) од струшкото село Велешта. Тој, не се придржувал до мерката за забраната за движење на граѓаните во определен временски период заради спречување на ширење на Корона вирус COVID – 19. Полициски службеници, на 04.04.2020 година во 18.15 часот, го затекнале пријавениот, на кејот на реката „Црни Дрим“ во Струга без соодветна дозвола издадена од надлежен орган.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари