Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, СВР Охрид до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.М.(56) од Охрид.
Пријавениот, во периодот од 2014 до 2017 година, во својство на одговорно лице-директор во ЈЗУ „Завод за здравствена заштита” Охрид, искористувајќи ја својата положба и овластување извршил пречекорување на границите на своето службено овластување, остварил корист за себе нанесувајќи материјална штета на ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ Охрид во износ од 124.871 денари.
извор: МВР
фото: архива
Facebook Коментари