Кривична пријава за жител на Мислешево- на гласањето на референдумот имал повеќе ливчиња

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(32) од село Мислешево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување на изборен матерјал”.
-На 30.09.2018 година во село Мислешево, на избирачкото место број 1863/1, пријавениот го ставил гласачкото ливче во џеб, а потоа се обидел да стави две други ливчиња во гласачка кутија, но не успеал. -информираат од МВР.
Извор: МВР
фото: архива
Strugaonline

