Kривична пријава за жител на с.Поум, на своето возило ставил регистарски ознаки од друго возило

- Локални
608

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.В(46), од струшкото село Поум. При сообраќајна контрола извршена на 25.08.2020 година на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, полициските службеници констатирале дека пријавениот на своето патничко возило „Фиат Пунто“ поставил регистарски ознаки кои потекнуваат од друго возило.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари