Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(37) од струшкото село Шум. При преглед извршен на 05.01.2021 година во 22,40 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, кај него понајдени и одзмени се четири опаковки со опојна дрога кокаин . Дополнително, при претрес во неговиот дом, одземени се две опаковки со кокаин како и две кеси со марихуана.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари