Кривична за стружанец кој ја прекршил задолжителната самоизолација

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41-годишниот Љ.Ч. од Струга.
– При контрола врз лицата кои потпишале изјава за самоизолација, извршена на 22-ри април 2020 година во 11:00 часот, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом, со што ги прекршил одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид

