Кризниот штаб на Општина Струга донесе правила и заклучоци за функционирање за време на Велигденскиот викенд

- Локални
1421

На состанок на Општинскиот кризен штаб на Општина Струга во врска со досегашната состојба предизвикана од КОВИД-19, со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на граѓаните донесени сенеколку заклучоци.

-Да се известат сите маркети и ресторани на територијата на Општина Струга, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на забраната за движење во текот на викендот (Великденските празници).Истите задолжително мора да испратат барање до Оперативното тело на Општина Струга, на шалтер во просториите на општина Струга најдоцна до 15.04.2020 (Среда) до 09:00 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 (пет) вработени лица (доставувачи) од маркет, ресторан, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема. Маркетите и рестораните кои ќе можат да работат, ќе бидат објавени на web страната на Општина Струга.

-Да се продолжи со дезинфекција на јавните површини (улици, тротоари, кејови и др.јавни површини каде има движење на граѓани) како во градот така и во населените места на територијата на општина Струга.

-Да продолжат да се почитуваат мерките и препораките на Владата и Министерството за здраство, како што беа почитувани до денес.

Strugaonline

Facebook Коментари