Денес во просториите на Општина Струга, Општинскиот кризен штаб одржа состанок во врска со олеснувањето на мерките што се однесува до секторот за туризам, локалните бизниси, јавниот превоз и полицискиот час.
На состанокот се донеса следните заклучоци:
1.Да се поднесе барање до Централниот кризен штаб и до Владата на РСМ, да донесат одлука за почнување со работа на локалните бизниси, односно да се отварат рестораните, кафетериите и хотелите поради тоа што градот Струга е познат како туристички град, каде што туризмот е еден од најважните сектори од кој зависат голем број граѓани на Општина Струга.
2. Да се скрати полицискиот час, да се донесат олеснителни мерки, секогаш имајќи го во предвид јавното здравје.
3. Да се отвори граничниот премин Ќафасан на границата со Република Албанија, заради тоа што голем број работници кои работат во локалните бизниси доаѓат од соседната држава.
4.Општинскиот линиски превоз на патници да почне да функционира редовно, во согласност со препораките и мерките донесени од страна на Владата.
5. Заради тоа што препораките и мерките на Владата до сега беа почитувани, бараме од Владата да ги помилува лицата кои ја прекршиле мерката за движење за време на забраната за движење во територијата на Општина Струга, земајќи во предвид дека постапката за издавање на дозвола за движење, беше нејасна за некои граѓани.
Извор: Општина Струга
Facebook Коментари