Крводарителска акција денеска во Струга

Црвен крст на РСМ Општинската организација Струга организира крводарителска акција. Истата се одржува денеска, во просториите на сала на совет на Општина Струга во период од 09:00 до 13:00 часот.
Од Црвен крст ги повикуваат сите хумани граѓани да даруваат крв бидејќи преку таквото хумано дело се спасуваат и продолжуваат многу животи.
